Loading Video...
Балкан
17. November 2022 - 16:38

Регионален енергетски пазар може да биде решение за енергетски стабилна зима

Преку формирање на регионален енергетски пазар, земјите од регионот на Западен Балкан здружени заедно може полесно да ја пребродат не само оваа, туку и секоја следна зима.

Лидерите на Србија, Црна Горна, Македонија, Албанија и Босна и Херцеговина денеска во Белград седнаа на заедничка маса со норвешки инвеститори.

Заеднички е заклучокот дека сите земји од регионот се соочуваат со ист проблем – капацитети за производство на струја стари и по 3 децении. Иднината е во енергетската транзиција кон обновливи извори на енергија, за која помош ќе пристигне и од Норвешка.

Ковачевски и Вучиќ потврдија дека двете земји се блиску до договор, Македонија да добива поевтин гас од Србија, а за возврат земјава да и ја продава произведената електрична енергија по пониски цени.

Од Белград, премиерот Ковачевски го најави и стартот на изградбата на електраната Чебрен, за која по 13 неуспешни тендери годинава за прв пат има инвеститор за кој многу скоро ќе се знае дали ги исполнува критериумите. Изградбата на оваа електрана освен што ќе ги задоволи домашните потреби за струја, ќе биде значајна придобивка за енергетскиот систем и на земјите од регионот