Референдумот најактуелен кај иселениците во Швајцарија и Австрија
Македонските иселеници во Швајцарија и Австрија до сега најзаинтересирани за гласање на претстојниот референдум. До вчера, како што соопшти Државната изборна комисија, во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство се доставени вкупно 251 пријава од граѓани за гласање, сите преку веб апликацијата на ДИК, dijaspora.sec.mk.
Најголем број пријави се поднесени за гласање во Берн и Виена - по 21, во Љубљана и Торонто по 18, Канбера 15 ....Од пријавите, 127 се прифатени, а 124 се во обработка, информираат од ДИК.
Од Државната изборна комисија укажуваат дека доколку некој од иселенците се пријави за изјаснување во дипломатско конзуларно претставништво во странство тогаш нема да може да гласа во Македонија доколку допатува во земјата
Од ДИК нагласуваат дека промените во Избирачкиот список граѓаните може да ги направат само со поднесување соодветна документација и ги повикаа граѓаните да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список за време на јавниот увид за есенскиот референдум што трае до 23 август.
На првиот ден од јавниот увид во Избирачкиот список на 9 август во подрачните единици проверка направиле 213 граѓани, а во континуитет тоа се прави и електронски преку веб страната на Комисијата.
Ново на Сител
-
Зеленски: Американски сателити може да гарантираат примирје во Украина
-
Дутерте преку видеоврска се појави пред судот во Хаг поради обвиненија за убиства
-
Киев: Подготвени сме да потпишеме договор за минерали, чекаме одлука од САД
-
Вучиќ за утрешниот протест: Ќе помогнеме во обезбедувањето на собирот, но одговорноста е на организаторите
-
САД го поздравуваат мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан
-
Украина ги отфрла тврдењата дека нејзините сили во Курск се опколени
-
Путин по средбата со Виткоф: Ќе видиме што ќе произлезе од ова
-
Во Берлин запалени четири автомобили на „Тесла“