Македонија
23. March 2021 - 8:18

Реџепи: Граѓаните можат уште некој месец без пари, поважен е законот за државјанство

Пратеникот Скендер Реџепи од опозициската коалиција на Алијанса за Албанците и Алтернатива изјави дека граѓаните ќе можат уште некој месец да издржат без пари бидејќи многу поважен е законот за државјанствата.

Тој смета дека оправдана е блокадата на Собранието за законите кои се однесуваат на пакетите со антикризни мерки кои треба да обезбедат финансиска помош за граѓаните и компаниите.

Реџепи вели дека неговата партија е свесна за одговорноста која ја носи со овој чекор но додава дека во разговорите со нивните гласачи заклучиле дека тие се подготвени некој месец да истрпат без плати само да се донесе законот за државјанство.

Овој предлог закон во Собранието е поднесен од Алијанса и Алтернатива и предвидува граѓаните кои немаат државјанство да може да го добијат со изјава на неколку сведоци.