Loading Video...
Ф1
19. јуни 2021 - 17:38

Ред Бул и Мерцедес ќе почнат од првите два стартни реда на француското Гранд-при

Тимовите на Ред Бул и Мерцедес ќе водат жестока битка на утрешното француско Гранд-при што е седма трка во Формула 1 шампионатот. 
 
Токму возачите на овие два тима ќе се најдат во првите два стартни редови, откако во денешните квалификации најбрз резултат оствари Холанѓанецот,  Макс Верстапен на Ред Бул пред Луис Хамилтон од Мерцедес односно неговиот тимски колега Валтери Ботас кој имаше трето, а Серхио Перез од Ред Бул четврто најбрзо време 
 
Во Генералниот пласман лидер е верстапен со 105 бодовио, само четири повеќе од актуелниот шампион Хамилтон.