Рецитал на тенорот Дамјан Попоски во фоајето на МОБ
Во Фоајето на Македонската опера и балет вечер рецитал ќе одржи тенорот Дамјан Поповски, во рамки на новата практика што во оваа концертна сезона ја почна МОБ - настапи на македонски и на гости солисти со свои рецитали.
Програмата на вечерашниот рецитал се состои од дела на Респиги, Штраус, Самуел Барбер, Обрадорс. Режисер на рециталот е Дејан Прошев, а во пијано-придружба ќе настапи Јанинка Невчева. Влезот за концертот е слободен.
Дамјан Попоски дипломирал во Њујорк (Manhattan School of Music) во класата на проф. Мињон Дан. Ги продолжил студиите работејќи со врвни имиња од оперскиот свет и пее на семинари водени од Питер Марк, Енза Ферари, Карло Бергонзи, Вирџиниа Зеани, Ворен Џоунс, Маурицио Арена, Џером Хаинс и Марија Кјара.
Како дел од EPCASO (Ezio Pinza Council for American Singers), Попоски ја пее улогата на Али во концертната изведба на Росиниевата „Италијанка во Алжир“ низ Венето, Италија (Тревизо, Виторио Венето, Одерцо).
Неговото оперско деби е во улогата на Бартоло во „Свадбата на Фигаро“ во Вајмар, Германија. Во МОБ дебитира во улогата на Малком во „Магбет“. Освен во Македонија, Попоски настапува и во Америка, Канада, Италија, Германија и Грција.
Ново на Сител
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш
-
Пет лица во Гази Баба нападнале двајца браќа со остри, метални и дрвени предмети
-
Приведен 35-годишник, возел со 1,84 промили алкохол
-
До четврток облачно со повремен дожд, во петок стабилизирање на времето
-
Кавадарчанка физички нападнала своја сограѓанка на фудбалско игралиште