Македонија
10. јуни 2024 - 11:39

Речиси 800 милиони евра граѓаните лани оставиле во казина и обложувалници

Во 2023 година во Македонија имало 58 правни субјекти кои се занимавале со коцкање и обложување, а приходот кој го направиле бил 800 милиони евра. Толку пари оставиле граѓаните во коцкарници и обложувалници.

Компаниите кои се занимаваат со оваа дејност, имале чиста добивка од 70,4 милиони евра, покажува анализата на порталот „Пари“.

Компаниите со дејност обложување и игри на среќа имаат 7.745 вработени и и сериозен полнач на државниот буџет од придонеси и даноци.

На прво место по приход е ПРО БЕТИНГ. За оваа компанија веќе со години е зацементирано првото место. Ланскиот приход и бил 194,5 милиони евра и е дури 33 проценти поголем отколку во 2022 година.

На второ место по промет е Друштво за приредување игри на среќа Државна видеолотарија на Република Македонија – КАСИНОС АУСТРИА ДОО Скопје. Тоа собрало 90,1 милион евра, што е 11 проценти повеќе отколку во 2022 година.