Свет
21. August 2021 - 10:53

Речиси 20.000 новозаразени со коронавирус во Турција во последното деноноќие

Во изминатите 24 часа, 19,918 нови случаи на инфекција со коронавирус и 204 починати се регистрирани во Турција. Во текот на изминатиот ден, 15.561 пациенти оздравеле.

Повеќе од 88 милиони дози од вакцини против Ковид-19 се дадени во земјата од почетокот на масовната кампања за вакцинација, започната во Турција на 14 јануари, се вели во соопштението од републичкото министерство за здравство.

Според министерството, над  45,6 милиони луѓе ја примиле првата доза, а повеќе од 34,8 милиони луѓе се целосно вакцинирани.

Ново на Сител