Свет
8. August 2021 - 11:38

Речиси 150.000 хектари шума уништени во пожари во Боливија

–  Речиси 150.000 хектари шума беа уништени во пожарите оваа година во Боливија, особено во областа близу границата со Бразил, соопштија тамошните власти.  

Изгореа точно 147.254 хектари, наведоа властите и додадаваат дека на некои места пламенот бил висок над пет метри со чад над 30 метри.

Пријавени се повеќе од 800 пожари од почетокот на август, и околу 15.500 од почетокот на годината.