Ребаланс на Буџетот кон средина на годината, нема да има корекција на стапките на раст
Премиерот Зоран Заев очекува кон средината на годината да биде направен ребаланс на Буџетот, но, како што изјави, не да има корекција на стапките за раст.
Тој верува дека може да се постигне проектираниот раст од 3,2 проценти и покрај тоа што меѓународните финансиски институции ги намалија проекциите за растот на македонската економија.
- Верувам дека ако успееме да реализираме 65 проценти од најавената инвестициска офанзива, ќе го постигнеме растот од 3,2 проценти, а мојата амбиција е дека Македонија може да постигне раст од четири проценти, истакна Заев, одговарајќи на прашање по прес-конференцијата во Владата.
Тоа, вели, не зависи само од Владата, туку и од општините, институциите, инвестициите во инфраструктурата и низа други аспекти.
- Затоа сум среќен што министерот идната седмица ќе одлучи второстепено за одредено правно прашање на Скопски саем за да може точно на 31 да почне градбата. Исто така, Градот Скопје веќе даде одобрение за градба за Лимакс, рече Заев.
Целта на Владата е до крајот на мандатот да се постигне раст на економијата од пет проценти.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп