-->
-->
Реализирани 60 отсто од есенската сеидба во Кочанско
-->
Поволните климатски и почвени услови овозможија есенската сеидба во Кочанско да напредува според утврдената динамика. Се очекува да бидат насеани 6.400 хектари од кои највеќе житни култури, 6.190 хектари. Сеидбата засега е реализирана со 60 проценти.
- Есенва пченицата е планирано да биде насеана на 3.085 хектари, додека јачменот на 3.016. Фуражните култури се застапени на 130 хектари, изјави Јордан Димитров, раководител на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кочани.
Жетвата на оризовата култура, според Димитров, е реализирана со над 90 отсто. Остануваат за жетва уште 150 хектари и доколку се задржат ваквите поволни временски услови, ќе бидат завршени за неколку дена. Просечните приноси се движат и до 5.600 килограми од хектар.
Откупот на арпата и оризот се уште не е почнат иако важи договорената откупна цена од 25 денари, односно 50 денари за килограм.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За сигурни пензии ќе мора да се зголеми старосната граница за пензионирање
-
Стан од 96 квадрати во Центар продаден за 260.000 евра, најмногу продажби во Аеродром
-
„Приказната за Силјан“ - македонски кандидат за Оскар
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложено судењето за тепањето млади фубалери
-
Генерички обуки за административни службеници - чекор кон европска администрација
-
Од 19-ти до 21-ви септември „Штипска пастрмалијада 2025“
-
Доброволното противпожарно друштво во Василево веќе активно делува на терен