Loading Video...
Фудбал
13. September 2021 - 10:31

Реал со пресврт до убедлива победа против Селта

Екипата на Реал Мадрид го одигра први натпревар на реновираниот „Сантијаго Бернабеу“, каде со пресврт во вториот дел славеше убедива победа над Селта Виго со 5:2. 
 
Гостите уште во 4-тата минута со голот на Мина поведоа со 0-1, сепак Бензема со својот прв од трите голови во 24-та израмни на 1:1. 
 
Но, Селта повторно дојде до предност во 31-минута со погодокот на Черви
 
Во вториот дел комплетна доминација на „кралевите“, која ја најави Бензема уште во првата минута. 
 
Само осум минути подоцна (54) Винисиус му  донесе предност на Реал од 3-2.
 
Новото засилување Камавинга по само шест  минути минати на теренот беше стрелец на четвртиот гол, а во 87-минута Бензема реалзираше пенал за хет-трик поставувајќи ги конечните Реал – Селта 5-2.
 
Со трите освоени бодови Реал изби на првото место, а „кралевите“ имаат вкупно 10 бодови колку досега собраа Валенсија и Атлетико Мадрид.