Loading Video...
Кошарка
30. April 2021 - 11:05

Реал се избори за „мајсторка“ против Анадолу Ефес

Кошаркарите на Реал Мадрид се изборија за „мајсторка“ против Анадолу Ефес во четвртфиналната серија на Евролигата. 
 
Во неверојатен натпревар во кој двата тима имаа свои периоди на игра тимот на Реал го совлада Анафолу Ефес со 82-76 со што го израмни резултатот на 2-2 во победи. 
 
Така мајсторката во Истанбул закажана за во вторник (4 мај) ќе го реши патникот на Фајнал-форот, воедно и противникот на московска ЦСКА во полуфиналето. 
 
Вечерва ќе се играат и четвртите натпревари меѓу Баерн Минхен и Армани Милано односно Зенит и Барселона, дуели во кои гостинските екипи влегуваат со предност од 2-1 во победи, па евентуални триумфи вечерва на италијанскиот и шпанскиот тим би ја комплетирале втората полуфинална двојка.