Реал прв финалист во шпанскиот куп
Реал Мадрид синоќа одигра 4:4 со Реал Сосиедад и се пласираше во финалето на Купот на Кралот.
Победникот од двомечот беше решен по продолженија, откако основните 90 минути завршија со резултат 4:3 за Реал Сосиедад.
Головите за домашниот тим ги постигнаа Ендрик (30.минута), Белингам (82), Чуамени (86) и Рудигер (115), додека за Сосиедад погодија Андер Баренечеа (16), Давид Алаба (автогол 72), Микел Ојарзабал (80. и 90+3. минута).
На првиот натпревар Реал победи со 1:0 и со вкупни 5:4 избори финале.
Вториот финалист ќе биде познат вечер по одигрувањето на реваншот меѓу Атлетико и Барселона (4:4 прв натпревар).
Избраниците на Карло Анчелоти врз основа на вкупниот резултат на двата меча се пласираа во финалето на Купот на Шпанија каде што ќе играат со победникот од натпреварот Атлетико Мадрид – Барселона (прв натпревар – 4:4).
Ново на Сител
-
Седница на Националниот совет за евроинтеграции
-
Околу 2 илјади лица на раб на егзистенција
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани