-->
-->
Реал против Атлетико во првата 1/2-финална пресметка во ЛШ
-->
Големите мадридски ривали Реал и Атлетико вечерва ќе го одиграат првиот полуфинален меч во фудбалската Лига на шампиони.
Ова практично ќе биде реприза на минатогодишното финале од Милано во кое „кралевите“ стигнаа единаесетиот трофеј во елитното натпреварување.
Лансаката средба на „Сан Сиро“ беше решена по подоброто изведување на пеналите откако по 90, а потоа и дополнителни 30.минути резултатот беше 1-1.
Но, минатогодишниот пораз за популарните „јорганции“ и не топлку болен како што беше тоа случај две години претходно која Атлетико до 93.минута имаше водство, но Серхио Рамос успеја да го израмни резултатот, за во продолжението Реал да постигне три гола и да ја освои шампионската титула.
Токму овие два порази во финалето од Реал, за избраниците на Диего Симеоне ќе бидат мотив повеќе конечно Атлетико да биде поуспешен од лутиот градски ривал.
Ќе биде ли така останува да се види, можеби уште по првиот меч кој ќе се игра вечерва на „Сантијаго Бернабеу“, или пак севкупниот победник, а со тоа и учесникот во финалето ќе биде решен во реванш дуелот закажан по 10 мај.
Во второто полуфинале утревечер (20:45 часот) ќе играат Монако и Јувентус.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Раниери: Пред да умрам сакам да видам што има надвор од фудбалот
-
Почна аплицирањето за влезници за финалето во Лигата на шампиони
-
Влезниците за ЗОИ 2026 поскапи од ОИ 2024 во Париз
-
РФМ: Ракометарките ќе добијат награда од 1.5 милиони денари за пласман на СП
-
Дојави за бомби во две средни училишта во Скопје
-
На Царина запленети автомобили, тутун за наргиле, лекови за животни, цигари и брендирани женски обувки | ФОТО
-
Вашингтон Пост: Маск без успех апелирал до Трамп да се откаже од воведувањето нови царини
-
Кина вети дека ќе преземе решителни контрамерки и ќе се бори докрај со царините на Трамп