Фудбал
2. March 2017 - 9:02

Реал пак се спаси со пенал

Кристијано Роналдо со два гола го спаси Реал од катастрофа во 24.коло во Примера. Реал како домаќин одигра 3:3 со Лас Палмас.
 
Реал Мадрид до 86.минута на „Сантијаго Бернабеу“ губеше од аутсајдерот Лас Паламс 1:3, но Роналдо најпрвин реализираше пенал, а три минути подоцна погоди со глава и ги постави конечните 3:3.
 
Претходно Реал поведе со голот на Иско, од многу сомнителна ситуација, во осмата минута, а две минути подоцна израмни Тана.
 
По две минути игра во вториот дел Бејл доби црвен картон, што Лас Палмас го искористи и постигна два гола, преку Виера од пенал во 56-та и Боатенг во 59-та минута.
 
Реал со овој кикс се наоѓа на второто место на табелата со 56 бодови, односно бод и натпревар помалку од Барселона која во оваа рунда го декласира Спортинг со 6:1. 
https://