-->
-->
Реал Мадрид победник на Светското клупско првенство
-->
Европскиот првак Реал Мадрид ја освои титулата на Светското клупско првенство откако во финалето во Јокохама денеска го победи јапонскиот првак Кашима со 4:2 по продолжение. Јунак на финалето беше Кристијано Роналдо кој постигна хет – трик.
Реал поведе во 5.минута со голот на Карим Бензема, но Кашима со головите на Гаку Шибасаки во 44.минута и во 52.минута го презеде водство (2:1). Во 60.та минута Роналдо од пенал изедначи на 2:2, а во продолжението постигна уште два гола (98 и 104 минута), што беше доволно за триумф.
Во дуелот за 3.место Атлетико Национал по изведување на пенали славеше победа над Клуб Америка. Натпреварот заврши 2:2, а на пенали 4:3 за Атлетико Национал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сончево и потопло со мала до умерена облачност
-
Економистот со амбиција да биде лидер на СДСМ | Јован Деспотовски | Неформално | Sitel Podcast 049
-
Викдендов сончево и топло, од вторник повторна дестабилизација на времето
-
Прилепчанец три години ги силувал своите две малолетни ќерки
-
Штипјанец ја претепал својата мајка, па и се заканил, а потоа искршил дел од покуќнината
-
Скопјанец претепан од обезбедувањето на казиното во кое се наоѓал
-
Избувна пожар во куќа во Арачиново
-
Поскапува мазутот