Loading Video...
Фудбал
17. January 2022 - 15:47

Реал Мадрид освојувач на шпанскиот Супер Куп

Екипата на Реал Мадрид е освојувач на Супер купот на Шпанија. 
 
Во финалето на завршниот фајнал-фор турнир чиј домаќин годинава беше градот Ријад во Саудиска Арабија, популарните „кралеви“ со 2-0 беа екипата на Атлетик Билбао која го бранеше трофејот во ова натпреварување. 
 
Лука Модриќ на ефектен начин во 38.минута и Карим Бензема од пенал во 52.минута беа стрелци на головите за Реал. 
 
Така „кралскиот тим“ стигна до својот дванаесетти трофеј во Супер купот, и сега е на само еден помалку од Барселона која Реал ја елиминира во полуфиналето.