Loading Video...
Кошарка
3. December 2022 - 9:36

Реал го доби дербито со Фенербахче

Дербито од 11 коло во Евролигата се одигра во Истанбул, каде на победа се радуваше мадридски Реал. 
 
„Кралскиот“ тим славеше победа во дуелот лидерот на табелата, Фенербахче со 85-71, нанесувајќи му го на турскиот тим само вториот пораз сезонава. Со шестата победа во низа Реал се проби на втората позиција со една победа помалку од Фенер, односно скор 8-3, каков што имаат и Барселона и Монако, екипи кои се на трето и четврто место на табелата. 
 
И белградска Црвена Звезда ја продолжи победничката серија која сега изнесува четири натпревари во низа. Црвено-белите славеа победа на домашен терен во дуелот со Виртус Болоња со 83-74. 
 
На останатите два натпревари, Панатинаикос во Каунас го совлада Жалгирис со 81-67, а во Минхен, Баерн го совлада Макаби со 98-89.