Македонија
16. September 2017 - 15:57

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ

Спирала која што црната економска тројка Заев, Тевдовски и Анѓушев ја отворија беше спиралата на крах на економијата, пад на индустриското производство, пад на просечната плата, пораст на цените и трошоците на живот на граѓаните и брутално задолжување на државата.

Неспособната влада на СДС предизвика рушење на економијата во само три месеци. Цената од ова нивно незнаење ќе ја плаќаат граѓаните и многу скоро тоа ќе се одрази и по стандардот, и по вработеноста  и по целокупното стопанство.

Заев и СДС ја замајуваат јавноста со некакви планови и мерки, кои немаат апсолутно никаков позитивен ефект, туку напротив ќе предизвикаат штетни последици кои ќе предизвикаат целосна катастрофа.

Тоа граѓаните го гледаат и тоа граѓаните ќе го казнат.