Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Каевски
Портпаролот на коалицијата помеѓу клептоманите од СДС и уценетата Данела Арсовска и денес сее магла за да ги покрие скандалите на неспособната Влада и дезертерот Ковачевски.
Најдобар демант за неговите обвинувања даде ЕИБ која потврди дека целиот проект се водел согласно водичот за набавки на банката. Со тоа европските институции застанаа зад работењето на Перински, а контра обвинувањата и барањата на Арсовска. Тоа што СДС упорно напаѓа една кристално јасна постапка, говори дека можеби тие имаат некој бизнис интерес.
Поддршката на СДС која и ја даваат на Арсовска е очигледна, што преку пресови, што преку скапо платена кампања среде криза. Очајниот дезертер Ковачевски не бира средства и е штеди пари да ја дефокусира јавноста од својата неспособност и од економската и енергетска катастрофа која ја предизвика.
На народот му е јасно и затоа ваквите манипулации на антимакедонската СДС не поминуваат.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Утре рано изутрина во Скопје авионска дезинсекција против ларви од комарци
-
На граничниот премин Табановце се чека половина час за излез од Македонија
-
Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја во Општина Желино
-
Ѓорѓиевски на средба со градоначалникот Зоран Јанковиќ: Љубљана ќе биде град-партнер за развојот на Скопје
-
Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Киев
-
МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата
-
Почина возач откако излетал од патот кај селото Облешево
-
На Табановце се чека околу 30 минути