Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на говорот на Зоран Заев пред Генералното собрание на ОН
После цунамито кој Заев и го направи на Македонија, и откако ниту еден проблем не реши, во неговиот фокус во настапот пред Обединетите Нации беше Северна Кореја и нејзината нуклеарна програма.
Зоран Заев единствената шанса во годината пред Генералното Собрание на Обединетите Нации да ги истакне позициите на Македонија и да ги афирмира државните и национални интереси ја потроши на правдање и општи флоскули.
Демагошки настап, општи констатации, без понуда на решенија.
Додека Зоран Заев убедува дека владата е посветена на демократија, во Македонија се газат базичните демократски вредности и се повредуваат човековите права. Токму неговата влада води политички хајки врз градоначалници, полицијата се употребува како партиска војска на владеачката СДС, осудени криминалци се ослободуваат надвор од законите.
Додека Заев лажно гарантира стабилност, економски се руши државата, се спрема зголемување на даноците, поскапување на струјата, државните тендери се доделуваат или на претседателот или на потпретседателот на владата на СДС.
Новиот пристап на Заев кон соседите, значеше потпишување на договор со Бугарија кој е на штета на државните интереси. Откажувајќи се од македонското малцинство, јазик, историја и со далекусежни последици за идните генерации.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-
Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце
-
Пленковиќ го доби мандатот за состав на нова влада на Хрватска
-
Продажните цени на производителите на индустриските производи во март пониски за 1,5 отсто на годишно ниво
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Сообраќајка меѓу три возила во Скопје: Повредени четири лица
-
Град Скопје: Премиерот од Форино кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори