Македонија
9. September 2022 - 13:22

Реакција на Стоилковски на изјавата на Заев: Ајде на избори и референдум да ја измериме вредноста

Додека #Македонија се уште е во непремостлива поделеност од предавството и се дави во асимилација заради лажно добрососедството, творецот на двете катастрофи, Зоран Заев е убеден дека 75% од народот ги поддржувал овие обезличувачки, предавнички и асимилаторски зафати.

Бидејќи газдата на Ковачевски и на Пендаровски и творецот на сите предавства Заев е убеден во поддршка од 75%, ајде најскоро на терен да ја измериме вредноста и во ист ден да се распишат референдум, предвремени парламентарни и претседателски избори!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ