Македонија
19. September 2017 - 13:45

Реакција на средбата на Зоран Заев со бизнисмени од дијаспората

Македонската економија за првпат после подолг период има негативен раст. Зоран Заев успеа ги избрка потенцијалните странски инвеститори кои требаше да отворат 25000 работни места и да вбризгаат многу пари во македонската економија. Валдата на СДС за 100 дена ја задолжи Македонија за неверојатни 410 милиони евра, пари од кои граѓаните не видоа никаков ефект, а ќе треба да ги враќаат идните генерации. Без причина се стопрени изградбите на автопатите кои покрај бенефитот од самата подобрена сообраќајна инфраструктура, придвижуваа и многу други економски гранки.

Можното најавено покачување на даноците е причина повеќе за немањето нови инвестиции. Објавувањето на договорите со инвеститорите во јаввноста на кои има многу чуствителни информации е негативна препорака која ги одбива инвеститорите.

Доколку Заев имаше капацитет да привлекува странски инвестиции тоа ќе го направеше во Струмица и во индустриската зона Сачево, која со години зјае како празна ливада.

Владата на СДС предводена од Заев нема капацитет да работи во интерес на граѓаните, да привлекува инвеститори и да отвора нови работни места.

Граѓаните на Македонија ги видоа неспособноста и незаинтересираноста на СДС да ја подобрат економијата и условите за живеење и затоа на 15 октомври ќе ги казнат нивните политики. 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ