-->
-->
Реакција на Рама на обраќањето на Иванов
-->
По вчерашното обраќање на македонскиот претседател Ѓорге Иванов, во кое кажа дека не му го доделува мандатот за формирање влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев, првата реакција од Албанија дојде од премиерот Еди Рама.
На неговиот профил на фејсбук и твитер тој наведува дека албанскиот јазик е јазик на еден државотворен, а не на непријателски народ.
- Господине Иванов,албанскиот јазик не е јазик на непријател, туку на државотворен народ во Македонија. Без Албанците нема Македонија, сакан Претседателе, напиша Рама на социјалните мрежи.
Инаку, албанските медиуми отстапија широк простор за обраќањето на Иванов, посебно на делот каде зборува за Платформата на Албанците.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш
-
Пет лица во Гази Баба нападнале двајца браќа со остри, метални и дрвени предмети
-
Приведен 35-годишник, возел со 1,84 промили алкохол
-
До четврток облачно со повремен дожд, во петок стабилизирање на времето
-
Кавадарчанка физички нападнала своја сограѓанка на фудбалско игралиште
-
3-годишно дете изело гумена бонбона при што почнало да се гуши и изгубило свест