Реакции по вчерашната несреќа во Егејското Море во која загинаа 16 мигранти
Претставникот на УНХЦР во Грција Филип Леклерк повика за воспоставување безбедни, легални патишта со цел луѓето кои имаат потреба од меѓународна заштита да можат да бидат безбедни, откако 16 мигранти вчера загинаа во бродолом во близина на Лезбос.
- Бројот на луѓе кои го преминуваат Егејското Море минатата гоина драстично падна, но овој трагичен инцидент покажува дека опасноста и можноста овие луѓе да ги загубат своите животи и понатаму е многу веројатна, рече тој.
Во исто време, грчкото Министерство за морска трговија изрази длабоко жалење за несреќата со мигрантите кај Лезбос.
- Загубата на човечки животи, а особено мали деца, кои бараат можност за подобар живот во друга земја, не погодува сите нас и ни предизвикува голема болка, се вели во соопштението на Министерството.
Во документот уште се истакнува дека „грчката Влада ги прави сите можни напори, и во рамките на договорот меѓу ЕУ и Турција, како и сама, да се ограничи приливот на бегалци на минимум и да создаде услови кои ќе стават крај на загубата на човечки животи и да им даде шанса на оние кои се во потрага по подобро утре“.
Ново на Сител
-
Момчето херој Јован Костадинов во посета на Бигорски манастир
-
Казнет уште еден нелегален продавач на храна со поминат рок
-
Поради трагедијата во Кочани нема да се одржи Маршот на видливост
-
Русија и САД почнаа заеднички проекти за руските ретки минерали
-
Хуманитарен меѓународен натпревар во духот на солидарноста и љубовта за настраданите во Кочани
-
Српски студенти во блокада в среда тргнуваат со велосипеди до Стразбур да се обратат во европски институции
-
Додека Украина го разгледува нацрт-договорот за ретки минерали, Москва преговара со Вашингтон за руските рудните ресурси
-
Најмногу врнежи во Виница