Бизнис
9. јуни 2021 - 16:35

Реакции на ребалансот - Експертите во бизнисот не гледаат итност во одлуката да се подели К-15 во јавниот сектор во услови на криза

Експертите и бизнис секторот со остри реакции по одлуката на Владата дел од административците да добијат К-15. Велат дека овие пари нерационално ќе бидат потрошени во време кога стопанството трпи сериозн штети поради пандемијата и секојдневно се губат работни места.

Од бизнис секторот сметаат дека има работи каде овие средства   се многу понеопходни, отколку да се потрошат во администрацијата.

Реагираа и граѓаните, велат дека државата преку ребаланс ќе дели пари на луѓе кои со месеци не одат на работа. 

И од опозицијата посочија дека ќе се спротистават на ребалансот, кој според нив никако не е развоен.

Премиерот Заев пак тврди дека администрација има право да тужи,  ако не и биде исплатен регресот кој е договорен со колективен договор уште пред две години.

Со ребалансот на буџетот Вадата обезбеди 4 милион евра за исплата на регрес на вработените во општинските, владните служби, правосудството. Инаку овие административци поради пандемијата со месеци работеа од дома, за цела плата.