РЦЦ: Околу 1,4 милиони лица на Западен Балкан работат непријавени, во РСМ 18,5 отсто
Околу 1, 4 милиони луѓе од шесте држави на Западен Балкан работат непријавени, а според грубите проценки вкупната загуба во приходите на шесте економии поради тоа изнесуваат неколку милијарди евра. Во Република Северна Македонија уделот на неформалното во вкупното вработување изнесува 18,5 отсто и е најмал процент во регионот, додека највисокиот е во Црна Гора со уддел од 33 отсто.
Овие се податоци изнесени денеска во Сараево на меѓународна работилница во организација на Регионалниот совет за соработка (РЦЦ), на која учествуваа претставници од политиката, социјални партнери и експерти од земјите од Западен Балкан.
– Според анкетите за работната сила, се проценува дека помеѓу 20 и 30 отсто од вработените работат непријавени, додека според истражувањата на претпријатијата што ги спроведува Светска банка, речиси половината, односно 49,2 отсто од фирмите во регионот се натпреваруваат со фирми што работат на црно, изјави Маја Ханџиска Трендафилова, шефица на програмски оддел на РЦЦ.
Таа додаде дека со оглед на големината на проблемот и на фактот дека тој е идентичен во целиот регион, „најдобриот одговор лежи во структуриран регионален пристап кој не е базиран само на санкции, туку и на поттикнување за преминување во формално вработување, меѓу другото, и со информирање за користа од истото“.
РСС заедно со Меѓународната организација на трудот (ИЛО) во наредните три години ќе работат на спроведување на втората фаза од проектот Платформа за вработување и социјални прашања што го финансира Европската унија, се наведува во соопштението на РЦЦ.
Ново на Сител
-
СЗО: Преминот Рафа блокиран, нема гориво и медицински материјали
-
Аглер со честитка до Силјановска Давкова: Историски избор на прва жена претседател на Северна Македонија
-
И најмладиот син на Трамп влегува во политика
-
Загина 62-годишен маж од Неготино откако се преврте со трактор
-
Обид за убиство во гостиварско
-
Скопје: Жена нападната од нејзиниот сопруг
-
Кривична за директорка на средно училиште во Делчево
-
Меѓунарадните набљудувачи со оценка дека изборите биле организирани ефективно, забелешки за законодавството