Бизнис
24. November 2021 - 16:43

Разрешени директорите на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј, дали тоа ќе ја реши енергетската криза

По низата хаварии и потфрлањето на домашно производтсво на струја, разрешени директорите на РЕК Битола, Златко Ќурчиевски и на ТЕЦ Осломеј Златко Пиперковски. За прв човек на РЕК е назначен Пеце Матевски, а на Осломеј, Стојан Мицкоски. Од ЕСМ посочија дека ќе има и други кадровски промени во кабинетите.

Поранешниот директор за производство во РЕК, Мавровски вели дека е добро што има разрешување за ситуацијата, но мора да се почне од врвот.

Министерот Бектеши пак даде целосна поддршка за разрешувањето.

Како надлежна институција во областа на енергетиката Министерството за економија во континуитет бара одговорно, домаќинско и професионално менаџирање на институциите.

Нема да има ценовни шокови кај електричната енергија од јануари следната година.

Нема да има рестрикции на електрична енергија.

Посветено ја следиме работата енергетските компании, напиша Бектеши на ФБ.

Во меѓувреме е се поизвесно дека цената ан струјата за домаќинствата ќе расте.  Споре информации на Сител,  ЕСМ на следната владина седница ќе бара зголемување на производната цена , која сега  изнесува 36 евра за мегават, а која е една од главните критериуми за тоа колку би изнесувала цената за домаќинствата догодина.  РКЕ ги чека барањата на  комапнии кои сеуште ги сумираат трошоците.