Разрешен д-р Мухамед Асани, информира Филипче
– Донесена е одлуката да се разреши директорот на струшката болница и во текот на денешниот или на утрешниот ден ќе биде назначен нов директор. Во тек се сите други постапки во однос на активностите и на другите институции коишто беа вклучени во овој случај, истакна на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, информирајќи за случајот во струшката болница со родилката од Дебар.
– Вчера донесов одлука за формирање на нова комисија. Тоа е законска можност којашто ја има Министерството за здравство. Онаа првата Комисија исто така беше формирана на барање на МЗ, но тогаш преку Лекарската комора, но со оглед на неколку интервенции и барања коишто ги имаше прво од семејството на родилката, понатаму од неколку институции, како на пример Хелсиншкиот комитет за човекови права, донесов одлука да се формира уште една комисија, која што ќе ја водат директорите на Клиниките на урологија, КАРИЛ, гинекологија, директорката на Државниот санитарен здравствен инспекторат и коишто ќе треба да направат анализа на случајот, наведе Филипче.
Ново на Сител
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
Кај шест пациенти во „Св. Наум Охридски“ е извршена трансплантација на кожа
-
СДСМ обвинува за нови сканадали во Министерството за дигитална трансформација
-
Македонија е атрактивна дестинација за нуркачите од светот
-
За прв пат од постоењето ќе се гради асфалтен пат до ски терените во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Мицкоски го повика Филипче лично да му го претстави планот за лидерска