Разоткриен еден од бомбашите на аеродромот во Брисел, бил новинар
По терористичките напади во Брисел, истражителите и натаму се во потрага по човекот во белата јакна и шешир снимен на аеродромот Завентем непросредно пред кобните експлозии.
Како што пренесуваат локалните медиуми, уапсен е еден маж кој одбил да одговори на прашањата од полицијата. Се сомневаат дека токму тој е терористот со шеширот и дека е вмешан во нападите во Брисел.
Се работи за извесен Фајсал Шефу, независен новинар.
Тој се сомничи дека ја активирал едната од бомбите на аеродромот Завентем и потоа се изгубил бо масата луѓе кои почнале панично да бегаат.
Засега, никој од официјалните лица не потврди, ниту демантираше дали новинарот е терористот по кој се трага. Бриселскиот новинар е познат по видео - клиповите кои ги објавувал на интернет во кои осудувал што притворените лица кои имале илегален престој во Белгија добивале вечерен оброк пред прекинувањето на постот за време на Размазан, наведува весникот „Либр Белжик“.
Локалната полиција повеќепати го апсела во паркот Максимилијан, пред Канцеларијата за странци, додека се обидувал да ги врбува кон радикален ислам барателите на азил и лицата без документи. Истражителите сега се прашуваат каква е улогата на овој човек кој не сакал да соработува при испрашувањето кога во четвртокот е приведен по вторничните напади во Брисел.
Ново на Сител
-
Мота: Јувентус треба да бара постојаност во резултатите
-
Судот за спортска арбитража во април ќе ја разгледа жалбата на ВАДА за Синер
-
Диало ќе остане во Јунајтед уште пет години
-
Еден допир со топката на Нејмар го чини Ал-Хилал над милион евра
-
Традиционалниот Василичарски концерт вечерва на сцената на Националната опера и балет
-
Американските компании донираат средства за настраданите од пожарите во Калифорнија
-
Зеленски: Санкциите за руската нафта значително ќе влијаат на руското финансирање на војната
-
Протести по улиците на Братислава и другите словачки градови: „Словачка не е Русија“