Размена на искуства со локални и регионални власти на Хрватска
Министерката за локална самоуправа Ширет Елези во рамките на посетата на Хрватска, имаше средба со градоначалникот на градот Јастребарско, Звонимир Новосел и со жупанот на Загребската жупанија, Стјепан Козиќ.
На средбата со градоначалникот Новосел, беа претставени проектите со кои што градот Јастребарско во 2015 година го има добиено признанието европски град на годнината, со најмногу успешни проекти финансирани од страна на Европската Унија, во вкупна вредност од околу 5 милиони евра за периодот во кој користат средства од ЕУ фондовите, соопшти Министерството за локална самоуправа.
На делегацијата од Република Македонија и беа презентирани неколку инфраструктурни проекти, како и проектот за заштита на културното наследство, за развој на инклузивен систем во предшколската заштита и образование и проектот наречен „Штеди“ кој има за цел до 2020 година да ја намали емисијата на штетни гасови за 20 проценти, а исто така да се намали и потрошувачката на електрична енергија во јавниот сектор во градот за 80 насто, во првата година.
На делегацијата од Република Македонија и беа претставени и можностите за користење на европски извори на средства за развој на технологијата за производство на квалитетно вино, како и развој на локалниот туризам со организирање на фестивал на виното.
На средбите, министерката Елези изрази интерес за воспоставување на соработка и размена на искуства во подготовката и финансиерањето на развојни и иновативни проекти.
Министерката Елези зборуваше за системот на локална самоуправа во Република Македонија, како и за инструментите за рамномерен регионален развој.
- Потребни ни се квалитетни, конкурентни проекти кои што покрај буџетските ќе си обезбедат финансиски средства и од фондовите на Европската Унија, за што ни е драгоцено искуството од земји и градови кои што се успешни во имплементацијата на конкурентни и иновативни проекти кои што имаат директно влијание на квалитетот на живеење и на локалниот и регионалниот развој, истакнала Елези.
Министерката Елези ја предводи делегацијата на градоначалници од Источниот, Југоисточниот и од Вардарскиот плански регион и од Центрите за развој на два плански региони, во посета на општини и регионални развојни агенции во Австрија, Словенија и во Хрватска.
Со реализираните средби со претставници на надлежни институции од Хрватска, се заокружува посетата на македонската делегација, чија цел беше размена на искуства во подготовката на локални и регионални иновативни развојни проекти, финансирање од ЕУ фондови, како и остварување на различни форми на соработка на повеќе нивоа, се наведува во соопштението од Министерството за локална самоуправа.
Ново на Сител
-
Пожар кај селото Јосифово, побарана воздухопловна поддршка
-
13-годишник со нож го прободел својот малолетен роднина
-
Тешко повреден возач на електричен тротинет, удрил во отворена врата на запрено возило
-
Малолетник прободен со остар предмет на подрачјето на Бит Пазар
-
Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата, втората група на Пониква заминува од средина на јули
-
Приведен 52-годишен тетовец, управувал возило со 2.63 промили алкохол во крвта
-
Јаневска: Образованието и науката го добиваат потребното внимание и стануваат клучни развојни ресурси на државата
-
Нови 300 слободни места за специјализанти, најави министерот Алиу