Разликата меѓу белите дробови на пушачите и непушачите ќе ве шокира!
Белите дробови се витален орган со чија помош целиот наш организам се снабдува со кислород. Погледнете до кој степен белите дробови на еден страствен може да ја загубат својата функција.
Кај непушачите имаат розева боја, и кога ќе земат здив, тие се пумпаат неколку пати повеќе од својот капацитет. За разлика од нив, на пушачите белите дробови им се црни, исцедени, слаби и целосно одвратни за гледање, а покрај тоа тие не се во можност во целост да ја вршат својата функција.
Ако белите дробови му изгледаат вака, замислете во каква состојба е лицето на овој човек. Ако сте пушач, бидете сигурни дека вашите органи за дишење се на добар пат да завршат во ваква состојба.
Затоа, можеби токму овој е моментот, вашата пуш - пауза да ја искористите за нешто попаметно и покорисно. Прошетајте, направете неколку круга околу зграда, изедете мандарина, јаболко, испијте една чаша вода. Ако повторно имате силна желба да запалите цигара, погледнете во ова видео повторно.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот