Балкан
29. јуни 2017 - 11:43

Разбиена косовско-американска криминална група за шверц на дрога

Во заедничка операција на косовската полиција и американската Агенција за борба против наркотици (ДЕА) е разбиена организирана криминална група, при што во Косово и во Њујорк се уапсени десет лица.

На Косово се уапсени четворица осомничени криминалци, а во САД - шестмина. Покрај за шверц на дрога, тие се товарат и за перење пари и рекет. 

При апсењето е запленето и големо количество оружје, вклучувајќи и автомати, рачни минофрлачи и муниција.

Пронајдени се и два автомобила и неколку мобилни телефони, соопшти косовската полиција.