Разбиена група на дилери - шестмина приведени и запленети 22 килограми марихуана
- Шест лица се приведени и запленети се околу 22 килограми марихуана во синоќешната операција на МВР, изјави денеска портпаролот на Министерството, Тони Ангеловски.
Марихуаната била транспортирана од Албанија во Македонија. На превојот „Стража“ од страна на полициски службеници запрени се две патнички моторни возила и при извршен претрес во возилото „Шкода суперб“ пронајдени и одземени се две вреќи со марихуана.
- На местото на настанот лишени се од слобода три лица од Скопје, меѓу кои и организаторот на транспортот на дрогата К.Р.(29) од Скопје, кој претходно бил осуден на казна затвор во траење од 11 години и бил во бегство од Казнено поправна установа „Идризово“, а се барал по распишана потерница. Лишени од слобода се и Р.И.(23) и С.Е.(22), рече Ангеловски.
К.Р. планирал дрогата да ја продава на подрачјето на Скопје, Велес и Тетово. Извршени се претреси во Скопје и кај Р.И. е пронајдено околу 50 грама кокаин, 16 паковки со кокаин и дигитална вага, како и 46 куршуми калибар 22мм., додека кај С.Е. пронајдени биле околу 700 грама марихуана и таблети екстази и дигитална вага.
- Извршени се претреси и во Струга и Охрид, при што лишен од слобода е Ш.Т.(36) кој ја набавил запленетата марихуана од Албанија, а исто така во врска со овој случај од слобода се лишени и Д.О.(62) од Струга и А.И. (42) од Охрид, рече тој.
Запленети се и две патнички возила, околу 3.000 евра и 4.000 денари кои потекнуваат од продажба на дрога, а од страна на МВР се преземаат мерки и активности за идентификување на други инволвирани лица во случајот.
По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за сторено кривично дело по чл.215 став 3 „недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстаници.
Ново на Сител
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден
-
Каселакис: Ја повикуваме новата власт во Северна Македонија да се вразуми
-
Пријавена кражба на документација и компјутерска опрема од канцеларијата на УВМК во Прилеп
-
Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција
-
Лога: Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Сиљановска
-
Татко пријавил дека му било испратено видео материјал од физички напад на неговата ќерка
-
Фон дер Лајен: Патот на Северна Македонија кон ЕУ да продолжи со спроведување на реформите и почитување на Преспанскиот договор