-->
-->
Раул Гонзалес оптимист пред дуелот со Рајн-Некар
-->
Македонскиот ракометен првак Вардар утревечер ги продолжува натпреварите во Лигата на шампионите и тоа со тешкото гостување во Германија кај Рајн-Некар.
Тренерот на вардарци Раул Гонзалес, смета дека неговите избраници имаат реални шанси за победа.
- Мора да влеземе фокусирани во овој натпревар и мислам дека можеме да одиграме добро и да оствариме добар резултат. Како на нас така и на Рајн-Некар му треба победа доколку сака да подобра позиција за разигрувањето. Знам дека ќе биде тешко, но мислам дека имаме шанси за победа, се вели во изјавата на Гонзалес објавена на веб страната на клубот.
Во првиот меѓусебен дуел одигран во Скопје, на почетокот на октомври минатата година, македонскиот шампион славеше победа со 25:19.
Утрешниот натпревар во Франкфурт, ќе започне од 19 часот и 30 минути. Во пресрет на овој меч германската екипа е третото место на табелата со 13 бодови колку што има и четврто рангираниот ПИК Сегед, додека Вардар е петти со бод помалку.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Милановиќ: Повеќе нема да жалам некого затоа што не може да влезе во ЕУ
-
Пет активни пожари во Македонија
-
Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за пожарите
-
4 куќи гореа во пожарот во Злокуќани, повредено малолетно дете и двајца пожарникари
-
Како се менуваше насилниот криминал во Македонија изминативе 15 години?
-
Седум повредени од трагедијата во Кочани се уште на болничко лекување во земјата и странство
-
Данска ја промени политиката – проширувањето на ЕУ и’ стана приоритет
-
Греко го затвори надзорот – Македонија со напредок во борба против корупцијата