-->
-->
Раул: Да ги поправиме грешките од дуелот со Исланд
-->
Ракометната репрезентација на Македонија ги одработува последните денови од подготовките за дуелите со Украина и со Чешка. Последните два од квалификациите за Европското првенство во Хрватска 2018. На претпладневниот тренинг не тренираше Филип Миркуловски, кој се пожали на повреда, додека за попладневниот тренинг е најавено доаѓање на играчите на Барселона Кирил Лазаров и Борко Ристовски, со што ќе се комплетира списокот на ракометари.
Поради повреда селекторот Раул Гонзалез не може да смета на Велко Маркоски:
- Ние сме подготвени, во отсуство на Маркоски ќе играме друга варјанта. Имаме шанса за победа. Во добар натпревар очекувам да ја повториме играта со Исланд и да поправиме грешките и така ќе биде добро. Во оваа група никој не победил на гости. Ние ќе играме без притисок дека можеме да бараме и втора шанса на неделниот натпревар со Чешка на домашен терен, изјави селекторот Раул.
За важноста на првиот дуел зборуваше Филип Миркуловски:
- Како и што се очекуваше ова се двата најважни дуела за пласман на ЕП во Хрватска. Украина е селекција што дома постигна победи над Исланд и Чешка. Се надевам дека ние ќе постигнеме позитивен резултат и со „една нога“ ќе бидеме пласирани на шампионатот во Хрватска. Ова е тешка задача особено што само два дена ќе бидеме заедно, но ние сме искусна репрезентација и ако ја наметнеме нашата игра можеме да дојдеме до победа.
Натпреварот Украина – Македонија се игра во четврток во Суми, додека првиот дуел од 5.коло од групата 4 меѓу Чешка и Исланд се игра утре. Сите четири селекции имаат по четири бодови, а на врвот е Чешка која има најдобра гол разлика (+10), Македонија е втора со (+3), трет е Исланд со гол разлика (-5), а Украина има гол разлика (-8).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица