Македонија
28. March 2021 - 11:44

Растурена забава во Скопје

Полицијата растурила забава во Скопје на која присуствувале повеќе полнолетни и малолетни лица.

- На 27.03.2021 во 22.00 часот, по претходна пријава, полициски службеници од СВР Скопје извршиле контрола во семејна куќа на ул.„Мајски манифест“ во Скопје, сопственост на И.Ѓ.(25) и М.Ѓ.(20), при што било констатирано дека не се почитуваат мерките за спречување на ширење на Kовид-19, односно била организирана забава, а покрај нивната сестра С.Ѓ.(19), биле затекнати уште шест полнолетни и три малолетни лица, информира МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик.