Македонија
14. March 2023 - 12:22

Расте врсничкото насилство

Сајбер булингот или врсничкото насилство на социјалните мрежи е појава која во последниот период се повеќе се интензивира. Истражувањата на невладината „ЕХО“ од Штип покажале дека децата повеќе не знаат да другаруваат, туку кај нив се јавува потреба да се истакнуват и да се повредуваат.

  • Можеме да кажеме дека булингот е интензивен последните години, а Ковидот можеби влијаеше врз сајбер булингот, бидејќи ги поттикна младите повеќе време да поминуваат на социјалните мрежи и со затскриени намери да влијаат лошо врз другите- изјави Матеја Богдан НВО „Ехо“-Штип.

Во штипските основни училишта се забележани и два случаи на врсничко насилство, кога ученик бил малтретиран во школски автобус.

  • Се надевам дека нема да завршат во судските институции и дека со разговор и меѓусебно разбирање и толеранција ќе се заврши целиот случај- изјави Снежана Санева, сектор за образование- ЛС-Штип.

Забележана е поголема агресивност кај учениците уште од помала возраст, поради што, стручните служби од општината и училиштата, а во соработка со граѓанскиот сектор и МВР, работат на превенција и едукација.

  • За запознавање, што е тоа насилство, какви видови на насилство постојат и како треба да реагираат во ситуации кога ќе се најдат на место каде што се случува насилство – изјави Вилма Ничева, психолог ОУ „ Ванчо Прќе“-Штип.
  • Ќе ги запознаат начините, односно, причините за насилничкото однесување, а потоа и како да го пријавуваат- изјави Баже Милев, СВР-Штип.

Едукативните предавања за врсничкото насилство ќе се спроведат во сите општински училишта.