Македонија
3. March 2019 - 18:07

Расте бројот на злоупотреба преку социјалните мрежи

Злоупотребата на социјалните мрежи станува се почеста. Отварање на лажни профили, закани преку пораки и коментари, ,повреда на личните податоци,  ова се дел од најчестите злоупотреби кои граѓаните ги пријавуваат во полицијата. Во текот на минатата година најзастапени биле токму кривичните дела  злоупотреба на лични податоци на интернет, загрозување на сигурност и ширење ксенофобичен и расистички материјал преку компјутерски систем, кои во однос на претходните две години се во поголем број. Од полицијата информираат дека сторителите на овие дела се граѓани од различен профил и нема јасно дефинирана старосна граница.На југоистокот од државата минатата година биле регистрирани дваесетина такви случаи.

,, Пет кривични дела злоупотреба на лични податоци, три кривични дела оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем, две кривични дела уцена, две кривични дела оддавање јавна тајна, две кривични дела злосторничко здружување и едно кривично дело загрозување на сигурноста.,, вели ХРИЗАНТЕМА РЕНДЕВСКА – ПОРТПАРОЛ НА СВР СТРУМИЦА

Со цел намалување на ваквите злоупотреби и поголема заштита,  пред се на децата и младите СВР Струмица во соработка со стручните служби од училиштата започна со едукативни и превентивни активности на тема последиците од злоупотребата на социјалните мрежи и интернетот.

,, Тие се свесни, меѓутоа и не толку свесни во овој адолесцентен период . Сепак потреба е едукација и подигање на свеста затоа што некогаш и не свесно го прават тоа, ги ставаат своите податоци, споделуваат фотографии и одредени содржини за кои што не се свесни дека може да бидат злоупотребени и искористени.,, вели РЕНДЕВСКА

Од полицијата потенцираат дека кривичните дела од областа на компјутерскиот криминал се предвидени и казниви согласно кривичниот закон. По секоја добиена пријава случајот се документира и известува надлежното обвинителство со цел утврдување на идентитетот на сторителот на кривичното дело и поднесување соодветен акт против истиот.