Loading Video...
Свет
7. February 2023 - 16:35

Расте бројот на жртви во Турција, но и на спасени од под урнатините

Интензивна потрага по преживеани спроведуваат спасувачките тимови во Турција и Сирија. Нивната работа ја отежнува студеното време и врнежите од снег, но сила им даваат спасените деца.

Големата катасфора не спречи раѓање на нов живот. Од урнатините во сирискиот град Алепо е извлечно штотуку родено бебе, но не е позната судбината на неговата мајка.  

Турските власти соопштија дека досега живи се извлечени над 8000 луѓе, но расте и бројот на загинати и повредени. Смртоносниот биланс во двете земји надмина 5000.

„Имаме 3.549 загинати и 22.168 повредени. Наша најголема утеха е што досега живи од урнатините се извлечени повеќе од 8000 наши граѓани, изјави Ердоган. 

Во Сирија бројот на жртви надмина 1100, а илјадници се повредени. 

Снимките напрвени со дрон од погодени места ги откриваат вистински размери на ужасот што го предизвикаа вчерашните потреси од кои најсилниот беше со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала. Илјадници унуштени домови, згради, домови, болници, автопати, цели наслеби се срамнети со земја. 

Според проценките на СЗО, 23 милиони луѓе се потенцијално загрозени, вклучително и околу пет милиони од ранливи категории. СЗО вети помош за погодени региони. А во Турција и Сирија почна да пристигнува странска помош во агрегати, шатори, кебиња, монтажни објкети, а неколку земји испратија и спасувачки тимови и кучиња трагачи. 

Областа е огромна. Досега не сум видел вакво нешто, дека имате област долга 100 километри каде што е погодено секое село, секој град“, изјави гермнакси спасувач во Турција.

Поради страв и претпазливост од нови земјотреси, илјаднини Турци и Сиријци ноќта ја поминале надвор на теператури под нулата.