Loading Video...
Свет
27. September 2021 - 16:44

Растат тензиите помеѓу Србија и Косово

Растат тензиите помеѓу Србија и Косово. Припадници на српската војска со четири оклопни возила се распоредни на два километри од административниот премин со Косово, Јариње.  Војската на Србија е во зголемена борбена   готовност  поради ситуацијата на северот на Косово . Сакаме да испратиме јасна порака дека повеке нема  да се случи насилство врз срскиот народ   порача претседателот Вучиќ. 

На Јариње патролираат и војници на КФОР. Од КФОР за „Косово онлајн“ порачуваат дека „внимателно ја следат ситуацијата во цело Косово и дека го зголемиле бројот и времетраењето на рутинските патроли ширум земјата“. Србија и Косово мора безусловно да ја деескалираат ситуацијата на терен со итно повлекување на  специјалната  полициска единица Роса од северот на Косово   и отстранување на блокадите на патиштата од страна косовските срби , изјави шефот на европската дипломатија. 

ЕУ се обидува  да   договори состанок помегу двете страни за решање на кризата која почна пред 8 дена кога Приштина  одлучи  возилата од централна србија  при влез во Косово мора да земат пробна таблица со ознака РКС.  За спроведување на мерката  на  административните  премини Јариње и Брњак  ја испрати  единицата Роса што дополнително го налути Белград а косовксите србија изгелоа на протести и веке 8 ден ги блокираат магистралните правци  Рашка-Лепосавик и Рибарице-Зубин Поток.