Раст од 10,7 проценти на индустриското производство во првиот квартал
Индустриското производство во првиот квартал од годинава споредено со тој период лани е зголемено за 10,7 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).
Во март годинава во однос на март минатата година индустриското производство бележи раст од 8,9 проценти.
Гледано по сектори индустриското производство е зголемено за 15,4 проценти во „Преработувачката индустрија, а е намалено во секторот „Рударство и вадење камен“ за 7,5 проценти и за 14,2 проценти во „Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.
Порастот во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во одделите за производство на прехранбени производи, пијалаци, облека, на други неметални минерални производи, машини и уреди, неспомнати на друго место, електрична опрема и производство на моторни возила, приколки
и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во март годинава, во однос на март минатата година, бележи пораст кај “Интермедијарни производи, освен енергија“ за 3,2 проценти, „Капитални производи“ за 63,6 проценти и „Нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 5,4 проценти, а опаѓање бележи кај „Енергија“ за 19,9 проценти и кај „Трајни производи за широка потрошувачка“ за 26,8 проценти.
Ново на Сител
-
Русија најави одмазда против Украина поради употребата на американски ракети АТАКМС
-
Ердоган: Заврши ерата на оружје, насилство и терор
-
Пахор се повлече од кандидатурата за специјален пратеник на ЕУ за дијалогот Белград–Приштина
-
Комеморација на Цетиње, трет ден на жалост во Црна Гора
-
Божиќните празнувања во Бигорски почнуваат од утре
-
Во Кавадарци одбележани 82 години од смртта на народниот херој Страшо Пинџур
-
Албанија пред епидемија на грип, за една седмица над 13 илјади заразени
-
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува за 40 минути, пуштен експресниот пат Крива Паланка-Страцин