Раст на прометот во индустријата од 11,9 отсто во првото полугодие
Прометот во индустријата во првата половина од годинава бележи раст од 11,9 проценти. Раст на прометот во индустријата е евидентиран и во јуни во однос истиот месец лани за 19,4 проценти, а во однос на мај годинава за 8,4 проценти.
Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, бележи пораст кај интермедијарните производи, освен енергија за 16,1 отсто, капиталните производи за 31,8 отсто, трајните производи за широка потрошувачка за 10,2 отсто и нетрајните производи за широка потрошувачка за 7,4 отсто.
Прометот во индустријата на домашниот пазар, во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, бележи зголемување од 0,7 проценти.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, бележи пораст кај трајните производи за широка потрошувачка за 7,1 отсто и нетрајните производи за широка потрошувачка за 4,7 отсто, додека опаѓање бележи кај интермедијарните производи, освен енергија за 1,5 отсто и капиталните производи за 29,4 отсто.
Прометот во индустријата на домашниот пазар, во јуни 2018 година, во однос на мај 2018 година, бележи пад од 0,1 отсто, а за првите шест месеци раст од 1,2 проценти.
Прометот во индустријата на странските пазари, во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, изнесува има раст од 25,7 проценти.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, бележи пораст кај интермедијарните производи, освен енергија за 23,8 отсто, капиталните производи за 33,7 отсто, трајните производи за широка потрошувачка за 19,7 отсто и нетрајните производи за широка потрошувачка за 9,2 отсто.
Прометот во индустријата на странските пазари, во јуни 2018 година, во однос на мај 2018 година, забележа раст од 11,3 отсто, додека во периодот јануари - јуни 2018 година, во однос на периодот јануари - јуни 2017 година, раст од 14,7 проценти.
Ново на Сител
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати
-
Европскиот фронт најави тужби до Управниот суд и кривични пријави за членовите на ДИК
-
Без средба, само консултации за идното владино коалицирање
-
Следната недела СДСМ ја почнува постапката за избор на ново раководство
-
МЗ како портпарол на Токсикологија со обвинувања за Нико Беќаровски - професорот негира и најави тужба
-
Македонија 2025: Дијаспората сака да помогне, власта нема слух