Раст на индустриското производство
Индустриското производство во октомври годинава е повисоко за 13,1 отсто во споредба со истиот месец лани.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен бележи опаѓање од 6,8 отсто, во Преработувачка индустрија има раст од 18,2 проценти, а во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 14,4 отсто.
Пораст од 5,2 процента има кај индустриската група Интермедијарни производи, освен енергија, од 27,4 отсто кај Капитални производи, 0,3 кај Трајни производи за широка потрошувачка и 23,1 отсто кај Нетрајни производи за широка потрошувачка, додека опаѓање има кај Енергија за 14,2 процента.
Индустриското производство во првите десет месеци од годинава, пак, е поголемо за 3,6 отсто во споредба со истиот период од 2014 година.
Ново на Сител
-
Минималната плата мора да се зголеми
-
Три седници во Собранието
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги партизираше институциите
-
Викендот во Штип 39-то издание на „Макфест“
-
Преглед на вестите од светот
-
Замрзнати вработувањата во администрација
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади
-
Ахмети го свика централното претседателство на ДУИ: Протестите можна точка за дебата