Распишан конкурсот за упис на студенти на Штипскиот универзитет „Гоце Делев“
Распишан е конкурсот за упис на студенти на Универзитетот „Гоце Делечв“ - Штип објави на денешната прес-конференција ректорот Блажо Боев.
Според конкурсот идните студенти можат да се запишат на еден од 15 факултети и академии, а на кои слободни места има за 5.037 бруцоши. Од нив 3.078 се редовни студенти во државна квота, 1.064 се со кофинансирање и 895 места се предвидени за вонредни студенти.
- Генерално на сите универзитети во Република Македонија бројот е поголем од оној за кој се аплицира. Се надевам дека ланските бројки од 2 000 до 2 200 студенти ќе биде за нас разумна бројка, вели Боев.
Поголеми измени во наставните програми на факултетите и академиите на Штипскиот универзитет нема, единствено во програмата на Филмската академија во делот на модерен танц, на македонски и на англиски јазик е новината која што ја има Штипскиот универзитет.
Ректорот Боев истакна дека е добра можност за идните академски граѓани кои за својата професија ќе изберат некој од техничките факултети се стипендиите кои им ги овозможуваат неколку компании.
- На веб страницата на УГД на Универзитетот „Гоце Делчев“ може да се видат поголем број понуди добиени од стопански субјекти, како што се ЕЛЕМ, рудниците Саса и Бучим и слично кои имаат објавено стипендии за одредени технички факултети, рече Боев.
Првиот уписен рок на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип е на 29,30 и 31 август и 3 септември, по што следуваат вториот и третиот уписен рок за упис на студенти во академската 2018/2019 година. Согласно измените во Законот за високо обрзование академската година ќе започне на 1 октомври.
Ново на Сител
-
Трамп: Ќе се случи нешто во Украина, работите ќе се средат
-
Андоновски: Имаме капацитет за спроведување дигитален попис, во 2026-та ако бидеме подготвени
-
Скопје денеска со третата највисока температура во Европа – 41,7°C
-
Орбан: Да бараме од нашите семејства да плаќаат 3,5 пати повеќе за гас? Тоа не е лидерство, туку економско самоубиство
-
Путин: Русија ќе ги намали воените трошоци и е отворена за преговори со Украина
-
Рекордни температури и пожари на Балканот, се очекува разладување за викендот
-
Вицепремиерот Николоски учествува на Форум за министри за транспорт во Истанбул
-
Сиљановска-Давкова ги прими припадничките на Армијата кои успешно ја завршија обуката во САД