Расходите на Харис во август во кампањата се три пати поголеми од оние на Трамп
Расходите од минатиот месец во кампањата на американската потпретседателка Камала Харис, кандидатот на Демократската партија за претседателските избори на 5 ноември, се трипати повеќе од она што го потроши кампањата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп во август, соопштија изборните штабови на ривалите.
Харис, која ја започна својата кампања во јули, откако го замени актуелниот претседател Џо Бајден, кој се повлече од трката, минатиот месец објави пред американската Федерална изборна комисија 174 милиони долари за трошоци.
Од штабот на Трамп пријавиле трошоци од 61 милион долари.
Иако финансиската предност на Харис и помага за серија ТВ реклами за кампањата, тоа можеби нема да и донесе победа во ноември, наведуваат британски медиуми, истакнувајќи дека во 2016 година Трамп ја победи демократската противкандидатка Хилари Клинтон со помалку финансии.
Пред Федералната изборна комисија, потпретседателката на САД во август пријавила 190 милиони долари приход од донации, додека за Трамп – 45 милиони долари.
Најголем дел од трошоците што ги пријавија двајцата актуелни ривали за август беа токму за реклами, при што помали износи беа дадени за предизборни настани, патувања и плати на персоналот.
Персоналот на Харис соопшти дека направиле донација од 75,000 долари на Детроит Јунајтед Фонд, непрофитна организација што работи на зголемување на излезноста на црните гласачи во државата Мичиген.
Ново на Сител
-
Инспекторите во Струмица вчера казнија три лица за согорување отпад од електрични кабли
-
Пожар избувна во хотел во Лондон, евакуирани 100 луѓе
-
Зеленски: Дојде време да се формираат „европски вооружени сили“
-
На граничниот премин „Блаце“ уапсен Косовец - го барале од Интерпол
-
51-годишен маж тешко повреден откако со возило излетал надвор од пат
-
Од 19 февруари ќе се работи на патот кај Лагадин
-
Синер суспендиран на три месеци
-
Шолц: Германија не прифаќа странско мешање во нејзината демократија