Рашиќ: Поканата на премиерот Мустафа е несериозна, ја дава само за медиумите
Косовскиот пратеник од редовите на „Листа српска“,Ненад Рашиќ, ја оценува како несериозна поканата на премиерот Иса Мустафа за враќање на Србите во институциите.
Тој уште смета дека изгласувањето на ратификацијата на договорот за демаркцијата на границата со Црна Гора, следната недела, не може да се случи.
Премиерот Мустафа најави дека Договорот за демаркацијата ќе биде доставен до Парламентот за ратификација следните денови и оти на седницата на Парламентот ќе присуствуваат и пратениците на „Листа српска“.
- Не сме постигнале компромис во врска со гласањето на демаркацијата. Навистина не ги сфаќам колегите од Владата, посебно кога најавуваат дека таа ќе биде на дневен ред на Парламентот. Ние воопшто не сме постигнале договор за тоа да се дебатира, уште помалку да се гласа, пишува електронското издание на приштински „Експрес“.
Во врска со враќањето на Србите во иституциите на Косово, Рашиќ вели дека поканата на премиерот Мустафа е „шаблонска“.
- Освен шаблонските покани и иницијативите на претставничката на ЕУ на Косово, Наталија Апостолова, која се обидува да ги доближи нашите ставови, ништо друго не се има случено. Тоа што премиерот го нарекува покана,јас го нарекувам шаблонска покана за пополнување на дневни вести. Сме немале серозна покана.Сметам дека е несериозно покана да се упатува на таков начин, посочува Рашиќ.
Пратениците од „Листа српска“ го замрзнаа учеството во Парламентот по изгласувањето на законот за „Трепча“ и законот за стратешки инвестиции без нивно присуство. Српските претставници го бојкотираат учеството и во Владата и сите други инститции.
Гласовите на српските пратеници се клучни за изгласување на демаркацијата, која е услов за визна либерализација за граѓаните на Косово.
Против демаркацијата се опозициските пратеници,кои и понатаму се закануваат дека доколку биде ставена на дневен ред „ќе го вратат солзавецот“ во Парламентот.
Ново на Сител
-
Фицо најави нормализирање на односите помеѓу Словачка и Русија
-
Француската полиција елиминира Тунижанец откако тој со нож избоде пет лица
-
Успехот создава зависност да истражуваш уште повеќе | Ангела Шаровиќ Иванова | Sitel Podcast 112
-
Вучиќ првпат откри што ќе работи откако ќе ја напушти власта
-
Путин: Русија никогаш не била против членството на Украина во ЕУ
-
Арсовска: Ова е системска победа за жртвите на насилство, за секоја жена и мајка, за напад кој претставуваше и атак врз институцијата градоначалник
-
Костадинов: Струмичките пожарникари ќе бидат најплатени во државата, плата од 80.000 денари
-
Македонија за една деценија изгубила 30.000 ученици