Фудбал
9. April 2019 - 17:20

Рашфорд и Санчез тренираа пред натпреварот со Барса

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд и Алексис Санчез излегоа на тренинг со групата пред првиот четвртфинален мечво Лигата на шампионите против Барселона.

Двајцата беа отсутни од составот за натпреварот против Вулверхемптон (1:2), одигран пред една недела. Рашфорд чувствуваше болка во глуждот, а Санчез имаше непријатност во коленото.

Нивното учество во натпреварот со Барселона сепак сè уште е дискутабилно.

Ерик Баји, Немања Матиќ и Андер Ерера го пропуштија денешниот тренинг и веројатно нема да играат против Каталонците.