Расчистена кражба во Скопје, сторителот го признал делото
Денеска (05.02.2023) од страна на инспектори од ЕВР-ОКР Кисела Вода расчистено е кривично дело ,,кражба", казниво по член 235 од Кривичниот законик.
Кривичното дело било извршено во временскиот период од 28.01.2022 година до 04.02.2023 година во стан на подрачјето на Кисела Вода, сопственост на В.Ц., каде престојувал нејзиниот 31-годишен син, од каде бил одземен поголем износ на пари.
По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници е констатирано дека сторител на кривичното дело е А.Ц.(23), брат на оштетениот, кој при извршен службен разговор во целост го признал начинот, мотивот и временскиот период на извршување на кривичното дело.
Во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинување за Филипче
-
Дипломатски активности за деблокада на европските интеграции
-
Стојанче Ангелов менува директорска позиција - Ќе го спасува ДЗС од агонија
-
Божиновска смета дека Чебрен и Галиште треба да ги гради државата
-
Се зголемува економската соработка помеѓу општината Тире од Турција и општина Прилеп
-
Балкански самит на МААА
-
Преглед на вестите од светот
-
Софија денеска ќе одговори дали ќе се одржи средба меѓу претставниците на самитот во НАТО во Хаг