-->
-->
Расчистен патот до затворот Кшање
-->
Расчистен е патот што води до затворот Кшање, информираше директорот на казнено-поправаната установа, Марјан Спасовски.
Утрово, тешка механизација на фирмата задолжена за зимско одржување на патиштата со која општина Куманово има склучено договор, го расчистила патот кој води од регионалниот патен правец до затворот во должина од 1, 3 километри, кој вчера не беше прооден поради високите наноси од снег кои на некои места изнесувале и два метри.
-Со расчистувањето на патот се овозможува нормално функционирање на установата. Веднаш економските оператори доставија храна, истакна директорот Спасовски.
Во моментов и екипи на ЕВН Македонија работат на санирање на дефектот на потегот помеѓу селата Пезово и Кокошиње.
-Според најавите очекуваме дефектот да биде отстранет и да добиеме електрична енергија. И денеска се користат агрегати, рече Спасовски.
Според најавите на надлежните се очекува денеска да биде саниран дефетот со телефонската линија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите